Фабриката е проетирана е со развојни параметри за брзорастечко производство, и функционира со најсовремена опрема и технологија од германско, швајцарско и италијанско потекло. Рецептурите и компонетите на производите, пак, водат потекло од Белгија и Франција, земји познати по традицијата во создавањето на најдобрите кроасани. Според сите овие карактеристики, ориентацијата кон водечката позиција на пазарот во поглед на квалитетот, продуктивноста и ефикасноста на работење не само на Балканот туку и пошироко во Европа, добива реална димензија. Автоматизираноста на целиот процес на производство овозможува и заштеда на ресурси и гарантира конзистентност на производите. Со оптимално користење на најсовремената опрема и технологија се зголемува производството, и притоа, истовремено се намалуваат времето и трошоците вложени во него. Долгорочна цел на Grand Foods Corporation е да одговори на барањата и очекувањата на купувачите и потрошувачите на кои се обраќа. Затоа, компанијата и во иднина ќе ја валоризира и ја вградува секоја нова процедура и иновација во производството, продажбата и вкупното работење на компанијата што ќе покаже одреден потенцијал.