ЗА НАС

Отворањето на фабриката Grand Foods Corporation произлезе од желбата и мотивацијата да се создаде врвен производ со светско реноме од домашен производител. Брзо, компанијата стана доказ дека посветената работа и стремежот за квалитет се услов за успешност и препознатливост.

EN | МК |    MENU

За компанијата

Grand Foods Corporation е целосно македонска инвестиција во прехранбената индустрија која започна со работа во ноември 2015 година. Специјализирана за производство на кроасани, оваа приватно поседувана компанија е формирана од страна на професионалци со истакнато искуство и знаење присутни во продажно-дистрибутивните канали на македонскиот пазар цели 25 години, зад името ГРАНД – ЕКСПОРТ Скопје.

Производствениот комплекс од 4000м2 е граден во период од една година и е лоциран во индустриската зона во с. Марино, општина Илинден. Фабриката има идеална географска позиција. Се наоѓа на 15 km од центарот на Скопје и на 2 km од автопатот Скопје – Гевгелија и железничката линија на истата релација на европскиот Коридор 10. Од аеродромот Александар Велики е оддалечена само 5 km. Овој комплекс е централното место за производството на богатиот асортиман на кроасани кои се дел од портфолиото на Grand Foods Corporation.

Врвна технологија

Во фабриката се инсталирани машини, опрема и технологија од најновата генерација на најпознатите германски, италијански и швајцарски производители. Целокупниот процес на производство е автоматизиран. Благодарение на најсовремената опрема за производство на ниво на цела македонска прехранбена и кондиторска индустрија и примената на оригинални рецепти и вкусови препознатливи за купувачите, производството е ориентирано не само кон домашниот пазар, туку и кон извоз. Преку воспоставените високи професионални стандарди во однос на целокупното работење, Grand Foods Corporation се стреми да стане лидер на пазарот во Југоисточна Европа во најкус можен рок.

Вработени

Визијата на Grand Foods Corporation е производство на прехранбени производи со највисок можен квалитет. Bo тој процес, исклучително важна компонента се вработените чие перманентно стручно усовршување и личен напредок и мотивација придонесуваат за целокупниот успех на компанијата.

Водена од вербата во моќта на различните перспективи, фабриката нуди отворени места од различен степен, како за почетници така и за искусни професионалци. Во Гранд Фуд Корпорејшн вработени се 90 технолози, инженери, економисти и други кадри од најразлични професии чиј број постојано се зголемува. Сите професионалци пред да станат дел од тимот посетуваат обука преку која се подготвуваат за постигнување врвни резултати во областа и дознаваат повеќе за корпоративната култура на компанијата.

Високи еколошки и производствени стандарди

Едно од клучните водечки правила на компанијата е квалитетно производство во безбедна средина и природно опкружување. Уште при изградбата на комплексот, користени се најсовремени градежни материјали кои гарантираат енергетска ефикасност и минимално влијание врз животната средина. Врвната опрема и технологија овозможуваат гарантирано безбедно производство, како и остварување на највисоките еколошки стандарди за почиста и поздрава животна и природна средина, пропишани и имплементирани во Европската Унија. Фабриката поседува интегрирана еколошка дозвола издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање која гарантира почитување на строгите регулативи и рецептури за производи од пекарско-кондиторската индустрија. Во фабриката се имплементирани ХАСАП системот за безбедна храна, ИСО 22000 и ИФС стандардите, како и потребните стандарди за извоз во Руската Федерација.